Променливо облачно и дождливо време

Денеска не очекува променливо и облачно време. Се очекува во котлините да има појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер.

Што најновата наука на ОН кажува за климатските промени?

Температурата ќе се движи од 4 степени наутро до максимални 17 степени. Во Скопје минималната температура ќе изнесува 5 степени ддека максималната температура ќе достигне до 13 степен.

Дождливо време се очекува и во текот на наредните три дена, прогнозира УХМР.