Кинескиот претседател ќе се сретне со Бајден и Макрон

Кинескиот претседател Си Џинпинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден, како и со неговиот францускиот претседател Емануел Макрон и ќе присуствува на самитот на Групата Г20 во Индонезија и на самитот АПЕК во Тајланд следната недела, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Средбата доаѓа неколку недели откако на Си му беше доделен трет, петгодишен мандат како лидер на кинеската Комунистичка партија на национален конгрес на партијата.

Белата куќа соопшти дека средбата, која ќе се одржи на 14 ноември. Тоа ќе биде прва средба лице в лице откако Бајден стана претседател.

Бајден и Си последен пат се сретнаа лично за време на администрацијата на Обама, а односите на САД со Кина оттогаш паднаа на најниско ниво во последните децении, особено по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во август, на Тајван, остров за кој Пекинг тврди дека е нејзината територија.