Европската комисија денеска предложи два акциски плана за справување со влошената безбедносна состојба по руската инвазија врз Украина за да се засили компјутерската безбедност и да им се дозволи на вооружените сили побрзо и подобри да се движат преку границите.
Овие политики треба да ги засилат капацитетите за сајберодбрана на Европската унија (ЕУ) и да ја зајакнат координацијата и соработката меѓу воените и цивилни сајберзаедници.
„Војната се врати на нашите граници, а руската агресија против Украина го поткопува мирот и меѓународниот систем заснован на правила на светско ниво“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел на денешната прес-конференција.
Комисијата соопшти дека руските компјутерски напади во земји од ЕУ и нивните партнери биле повик за „будење“.