Денеска стабилно и сончево време, во сабота дожд

Илустративна фотографија

Денеска нѐ очекува стабилно време, со ниска облачност и магла по котлините додека попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи-УХМР.

Во Скопје пак претпладне се очекува појава на магла и ниска облачност, а преку денот сончево време со умерена облачност. Дневните температури ќе се движат до 15 , а ноќните до 5 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.