Руски хакер, кој стои зад огромна кражба нa податоци, ослободен од американски затвор по долга казна

Владимир Дринкман

Руски хакер кој беше осуден за неговата водечка улога во една од најголемите кражби на податоци во историјата на САД, е ослободен од затвор откако отслужи поголем дел од 12-годишната затворска казна.

Владимир Дринкман беше ослободен од затвор во Пенсилванија на 28 октомври, изјавија од Бирото за затвори на САД за РСЕ.

Службата за имиграција и царина на САД (ICE) не одговори на барањето на РСЕ за коментар дали Дринкмен бил предаден на депортација, процес кој може да потрае и до неколку месеци. Адвокатот на Дринкмен, Игор Литвак, одби да коментира.

Дринкмен беше клучен член на криминалната хакерска група која навлезе во големите американски корпорации, вклучително и „Heartland Payment Systems“, која во времето кога беше пробиена во 2008 година беше една од најголемите американски фирми за обработка на плаќањата. Нападот во Хартленд - најголемиот прекршок во историјата во тоа време - ја чинеше платежната компанија повеќе од 200 милиони долари.

Варонис, компанија за сајбер безбедност со седиште во САД, го рангира нападот врз Хартленд меѓу 10-те најголеми пробивања на податоци на сите времиња.

Според обвинителите, бандата, исто така, ги направила упад во податоците на „ Nasdaq OMX Group“, „7-Eleven“, „JC Penney“, „JetBlue Airways“ и други. Вкупно, украле податоци од повеќе од 160 милиони кредитни картички, што довело до повеќе од 300 милиони долари отштета.

Грег Хантер, адвокат од Вирџинија, кој застапувал сајбер-криминалци од поранешниот Советски Сојуз, рече дека случајот Хартленд ја покажа софистицираната еволуција на хакерите кои зборуваат руски.

„Ова беше почеток на специјализацијата“, изјави Хантер за РСЕ. „Наместо поединец хакер да троши многу време крадејќи податоци од кредитни картички и потоа да се обидува да ги монетизира, имавте лица специјализирани за кршење на безбедносниот апарат на страницата, а други ги продаваа податоците“.

Дринкман беше уапсен во Холандија во јуни 2012 година на барање на САД, a сe изјасни за виновен во 2015 година и беше осуден на 12 години затвор. Тоа е една од најстрогите казни изречени на руски хакер.

Тој одлежа вкупно 10 години и четири месеци или 86 отсто од казната. Федералните затвореници на САД заработуваат кредити секоја година за доброто однесување и обично отслужуваат 85 отсто од казната. Тој одби да коментира кога го контактираше РСЕ.