Сончево време со слаб до умерен ветер

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 21 до 25 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 5 и максимална до 24 степени. Во следните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време.