Сончево и топло време со слаб ветер

Илустративна фотографија

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и релативно топло. Наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини, а ќе дува слаб ветер од северозападен правец, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи -УХМР.

Во Скопје исто така се очекува сончево и релативно топло време со mинималната температура која ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени. Притоа ќе има мала облачност, но и слаб ветер од променлив правец.

Според прогнозата на УХМР и во следните денови ќе се задржи главно сончево и топло време за овој период од годината. До вторник значително потопло ќе биде и на планините. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и пониски температури.