Претпладне магливо, попладне сончево

Есен во Македонија.

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо и со ниска облачност, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.