Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави пред Европскиот совет дека руските напади кои уништија голем дел од енергетската инфраструктура на Украина, делумно имаат за цел да предизвикаат нов бран на миграција на Украинците во земјите на ЕУ. „Рускиот терор врз нашите енергетски капацитети има за цел да создаде што е можно повеќе проблеми со електричната и топлинска енергија за Украина оваа есен и зима и што е можно повеќе Украинци да заминат во вашите земји“, рече тој.
Шолц: Тактиката на „изгорена земја“ нема да му помогне на Путин да победи во војната
Зеленски, исто така, предупреди дека Украина се сомнева оти Русија ги минирала браната и блоковите на хидроцентралата Нова Каховка на реката Дњепар во јужна Украина, а доколку биде разнесена, повеќе од 80 населени места би биле во опасност од поплави. Коментарот на Зеленски дојде два дена откако назначениот од Русија шеф на регионот Керсон во Украина ги обвини украинските сили дека планираат да ја уништат браната.