ЈСП Скопје на протест пред Владата

Вработените во ЈСП Скопје денеска, како што е најавено, ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека автобусите на ЈСП ќе се постават пред сите институции и ќе блокираат сообраќај, се додека државата не го исплати долгот кој го има кон ЈСП. Генереланиот секретар при Град Скопје Зоран Глигоров вчера изјави дека поради тоа што Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието од денеска ќе започне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП.

Возачите на ЈСП најавија протести, раководството тврди дека се политички мотивирани

Од владата на Република Северна Македонија вчера ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон ЈСП – Скопје. „Ги повикуваме локалните самоуправи кои ги користат услугите на ЈСП – Скопје подобро да ги менаџираат своите буџети и редовно да ги подмируваат долговите кон јавното претпријатие, за да не се доведе во прашање неговото нормално функционирање во услови на економска и енергетска криза“, велат од Влада. Инаку, денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, откриваат од МВР за „Локално“.