Времето денеска: претежно сончево

Наутро студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.