Русија киднапирала двајца службеници во нуклеарката Запорожје

нуклеарката Запорожје

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енерхоатом денеска ја обвини Русија за „киднапирање“ на двајца високи вработени во нуклеарната централа Запорожје, во јужна Украина, окупирана од Русија. „Шефот за информатичка технологија на централата, Олех Костјуков и помошник на директорот на нуклеарната станица Олех Ошек, се киднапирани на 17 октомври. Во моментов, ништо не се знае каде се наоѓаат и каква е нивната состојба“, се вели во соопштението на Енерхоатом. Енерхоатом го повика шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси „да вложи максимални напори“ за да обезбеди нивно ослободување.

Ослободен директорот на нуклеарната централа Запорожје

Русија во минатиот месец го имаше приведено началникот на електраната Ихор Мурашов пред да го ослободи на 3 октомври. Руските трупи ја зазедоа фабриката Запорожје, најголемата во Европа, на почетокот на март, во првите денови на руската неиспровоцирана инвазија врз Украина.