Сончево и малку свежо време

Сонце пробива низ облаци во Скопје

Сончево со мала до умерена облачност и во утринските часови во одредени места со појава на магла. Денеска се очекува дека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Скопје, слично време со утринска магла и сончево преку ден. Минимална температура ќе достигне до 9 степени, а максималната до 19 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската од понеделник наместа ќе се спушта под нулата.

Најстудено утрово беше на Попова Шапка каде е измерен еден степен, како и во Лазарополе со измерени два степени, Берово и Крушево три и Маврови Анови четири. Највисока беше температурата во Струмица и Гевгелија каде се измерени 13 степени.