Времето денеска: облачно, свежо и врнежливо

Ќе биде облачно, свежо и врнежливо време. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 14 степени.