Песков: Русија останува „отворена за разговори“ со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува „отворена за разговори“ со Киев за тековната руска инвазија врз Украина, нагласувајќи дека „целите на специјалната воена операција“ на истокот на Украина „остануваат непроменети“.

Во интервју за „Известија“ објавено денеска, Песков рече: „Специјалната воена операција продолжува за да ги постигне своите цели бидејќи не можевме да ги достигнеме преку политички и дипломатски средства“.

Песков додаде дека Москва „многупати повторила дека е отворена за разговори за да ги постигне своите цели и дека „нејзиното поставување цели останува непроменето“.

Песков додаде дека Москва е отворена и за разговори со други земји врз основа на меѓусебно почитување.

По големите неуспеси на бојното поле минатиот месец кога украинските сили започнаа успешни контраофанзиви за ослободување на териториите окупирани од руските војници, рускиот претседател Владимир Путин неколку пати изјави дека Москва „е подготвена“ за разговори со Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли разговорите, велејќи дека Украина ќе разговара со „следниот“ руски претседател, што имплицира дека разговорите можат да продолжат само откако Путин ќе биде сменет од неговата функција.