НАТО со проект за подобрување на воздушната одбрана на Европа

Противвоздишен ракетен систем Патриот на воена вежба на НАТО (фотографија од датотека)

Група членки на НАТО и Финска, која е во процес на пристапување во Алијансата, потпишаа писмо со намери за набавка на системи за противвоздушна одбрана како дел од проектот за подобрување и координација на безбедноста на Европа на небото. Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт на 13 октомври денеска изјави дека договорот, дел од Европската иницијатива за небесен штит, доби дополнително значење со руската неиспровоцирана инвазија врз Украина. „Вкупно 15 држави се собраа за да организираат заеднички набавки под германска координација во однос на европската воздушна одбрана. Тоа е нешто каде што имаме празнини“, рече таа во Брисел по потпишувањето.

САД ќе ја бранат „секоја педа“ на НАТО

Групата што го потпиша писмото за намери вклучува Германија, Британија, Словачка, Норвешка, Латвија, Унгарија, Бугарија, Белгија, Чешка, Финска, Литванија, Холандија, Романија и Словенија. Естонија исто така бара да се приклучи на проектот. Некои членки на НАТО се обидуваат да ги подобрат своите системи за воздушна одбрана по неиспровоцираната руска војна во Украина. Други треба да ги заменат или надградат системите откако ќе и дадат оружје на Украина.

НАТО ја поддржа Украина со системи за воздушна одбрана

Потпишувањето доаѓа истиот ден кога министрите за одбрана на НАТО се состанаа за да разговараат за безбедноста во услови на руската војна во Украина и прикриените закани на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе размисли за користење нуклеарно оружје во конфликтот.