Путин: Москва е „отворена за дијалог“ за централата во Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на нуклеарната агенција на ОН Рафаел Гроси, Санкт Петербург, 11.10.2022.

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на шефот на нуклеарната агенција на ОН Рафаел Гроси дека е „отворен за дијалог“ за нуклеарната централа Запорожје и дека ќе разговара за сите прашања од интерес. Путин му рекол на Гроси за време на нивната средба во Санкт Петербург дека ситуацијата околу електраната е „загрижувачка“. Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, беше цел на удар во руската воена кампања во Украина.

Ослободен директорот на нуклеарната централа Запорожје

Москва и Киев со месеци ја разменуваат вината за гранатирањето во близина на објектот што предизвика страв од нуклеарна катастрофа. Гроси се состана со Путин како дел од напорите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да спречи несреќа и напорите на Гроси да воспостави безбедносна зона околу централата. Путин му рекол на шефот на МААЕ дека е „подготвен да разговара за сите прашања од заеднички интерес или причина за загриженост, на пример, во врска со ситуацијата околу електраната Запорожје“.

Во руски напад во Запорожје убиени 23 луѓе

Гроси треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев подоцна оваа недела за понатамошни разговори во врска со електраната, се вели во соопштението на МААЕ по средбата Гроси и Путин. Гроси рече дека ситуацијата околу централата е „сè поопасна, нестабилна и предизвикувачка“.