Во Централна Америка животот го загубија 16 лица од бурата Јулија

Хондурас погоден од ураганот Јулија

Од последици предизвикани од тропската бура Јулија загинаа најмалку 16 луѓе, соопштија официјални лица во понеделникот, а повеќето од жртвите се од Ел Салвадор и Хондурас.

Невремето беше проследено со обилни дождови во Централна Америка и јужно Мексико.

Салвадорските власти соопштија дека загинале девет лица, меѓу кои пет војници, а најмалку 830 луѓе биле евакуирани.

Јулија во неделата ги погоди Карибите на Никарагва пред да се префрли во Тихиот Океан.