ММФ одобри заем од 530 милиони евра на Македонија

Седиштето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Македонија преку кредитната линија за претпазливост во рок од 24 месеци.

По финалното одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, кое се очекува подоцна во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.

„Самата намена на инструментот е да пружи ликвидноста поддршка на здрави економии во време на шокови и кризи, каква што е тековната глобална ситуација“, појаснуваат од Министерството за финансии.

Повисоки даноци за отплата на долг од 2 милијарди евра

Според министерството за финансии пристапот до овој финансиски инструмент, испраќа силни сигнали од страна на ММФ за домашната економија на меѓународните пазари и инвеститори.