Девет мртви во експлозија на бензинска пумпа во Ирска

Местото на експлозијата во Ирска.

Најмалку девет луѓе загинаа во експлозија на бензинска пумпа во село во северозападна Ирска, соопшти денеска полицијата.

Полицијата соопшти дека може да потврдат дека има девет жртви како резултат на овој инцидент.

Продолжува потрагата по други жртви оти при експлозијата се уништени и околни објекти.

Експлозијата се склучила вчера попладне во селото Кризлоу во областа Донегол.

Ирската полицијата, пожарникари, возила на Брза помош и крајбрежната стража, како и службата за воздушна Брза помош и специјална екипа на соседна Северна Ирска денеска се на местото на несреќата.

Универзитетската болница Летеркени, која е на 24 километри од бензинската пумпа е ставена во состојба на готовност. Таму се згрижени голем дел од повредените.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин во соопштение изјави дека неговите мисли и молитви се упатени за оние кои го изгубиле животот и повредените во разорната експлозија. Тој им се заблагодари на службите кои работеле цела ноќ.

Се истражуваат причините за експлозијата.