Вучиќ: Никој отворено од Србија не бараше санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека на самитот во Прага многу луѓе зборувале за санкции против Русија, но никој отворено не го побарал тоа од почит кон неговата земја.

„Тоа никогаш не го кријам од народот, тие секојдневно говорат, тоа го бараат од 15 до 20 проценти од граѓаните на Србија и тоа го прифаќам како легитимно барање и толку“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека Србија, без разлика дали вовела санкции кон Русија или не е важен дел од европската политичка заедница која за прв пат се состана вчера во Прага.

Вучиќ објасни зошто Србија бурно реагирала на веста од Европската унија за забраната за увоз на руска нафта, иако веќе се знаело дека од 1 ноември нема да може да увезува нафта од Русија.

  1. Вучиќ вели дека не се плаши од тие што му се закануваат бидејќи не воведе санкции кон Русија

Имено, тој рече дека Европската комисија првично одлучила да ја изземе Србија од забраната за увоз на руска нафта, но тоа било напуштено на иницијатива на Хрватска, која имала поддршка од две земји членки на Европската унија. Вучиќ посочи дека дури тогаш Европската комисија сфатила дека нема консензус за тоа прашање, па го симнале од дневен ред.