Во руски напад во Запорожје убиени 23 луѓе

Запорожје

Најмалку 23 лица загинаа, а 28 се ранети во руски ракетен напад што на 30 септември погоди конвој со цивилни возила во близина на јужниот украински град Запорожје, изјави регионалниот гувернер Олександр Старук. „Досега 23 загинати и 28 ранети. Сите цивили“, напиша Старук на апликацијата за пораки Телеграм. Тој објави слики од изгорени возила и тела кои лежат на патот, наведувајќи дека спасувачите биле на местото на нападот. Старук додаде дека конвојот се упатил кон територијата окупирана од Русија.

Русија го нападна Харкив, тешки борби во Керсон

Русија веднаш не го призна нападот, кој доаѓа додека Москва се подготвува да заземе четири украински региони, вклучително и Запорожје, по псевдореферендумот кој Украина, САД и Обединетите нации го отфрлија како измама. Старук рече дека оние во конвојот планирале да отпатуваат на територијата окупирана од Русија за да ги земат своите роднини и потоа да ги однесат на безбедно.