Средба на Вучиќ и Хил за билатералната соработка и Западен Балкан

Кристофер Хил и Александар Вучиќ, Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил за билатералните односи и зајакнувањето на соработката во сите области, вклучително и енергијата и клучните проблеми во регионот на Западен Балкан. Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ истакнал дека Србија е посветена на зајакнување на економските и билатералните односи со САД. Во разговорот била констатирана заедничка потреба од интензивирање на соработката меѓу Србија и САД во сите области, но и на полето на енергетиката, која дополнително треба да се продлабочува и зајакне преку заедничка реализација на конкретни проекти од суштинско значење за напредокот на Србија.

Хил- САД очекува Србија да објасни што договорила со Русија

Зборувајќи за состојбите во регионот, соговорниците, како што е соопштено, заклучиле дека зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење и оти економскиот просперитет и фокусирањето на решавање на економските проблеми може да биде од голема помош за отстранување на политичките несогласувања.