Бурмански суд ги осуди на три години затвор Су Чи и австралиски економист

Аунг Сан Су Чи

Судот во Бурма денеска ги осуди соборената лидерка Аунг Сан Су Чи и нејзиниот поранешен економски советник, Австралиецот Шон Турнел, на три години затвор за прекршување на законот за тајни, соопштија судски извори. И двајцата се изјаснија за невини по обвиненијата за кршење на актот за службена тајна, кој предвидува максимална казна од 14 години. Су Чи, Турнел и неколку членови на нејзиниот економски тим се меѓу илјадниците уапсени откако војската ја собори нејзината избрана влада со државен удар во почетокот на минатата година.

Во Бурма егзекутирани четворица активисти за демократија

Турнел е обвинет и за прекршување на имиграцијата, за што му се заканува затворска казна до пет години. Се очекува судот да се произнесе за тој случај денеска. Нобеловката Су Чи, која има 77 години, веќе е осудена на најмалку 23 години затвор во одделни случаи, главно поврзани со обвиненија за корупција. Таа е во самица во затвор од јуни, откако беше ставена во домашен притвор по воениот удар.