Разрешен рускиот заменик министер за одбрана

Рускиот заменик министер за одбрана Дмитри Булгаков

Рускиот заменик министер за одбрана Дмитри Булгаков е разрешен од функцијата и е префрлен на „друга позиција“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Булгаков ќе биде заменет од генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој претходно беше на чело на Националниот одбранбен контролен центар на Русија.

Рускиот план за анексија на делови од Украина

Украинската војска соопшти дека Мизинцев ја предводел опсадата на на пристанишниот град Мариупол на Азовското Море во Украина, со што го заработи прекарот „касапот од Мариупол“.

Овој град беше освоен од руските сили кон крајот на мај, откако голем дел од градот беше разурнат, а илјадници цивили загинаа за време на опсадата.

Руското воено раководство, на чело со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во последно време е мета на критики во кругови блиски до Кремљ. Пред две недели руската војска набрзина се повлече од источниот регион Харкив под притисок на украинската контраофанзива.