Вучиќ: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Њујорк изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите членки на Обединетите нации, вклучително и територијалниот интегритет на Украина. Во својот говор на Генералната дебата на почетокот на Годишното заседание на Генералното собрание на ОН, Вучиќ рече дека Србија во овој поглед „се однесувала одговорно и сериозно“. Тој додаде дека „досега не слушнал рационален одговор на прашањето која е разликата меѓу суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Србија, кој е грубо нарушен“.

Путин со поддршка на Вучиќ за неговиот „независен курс во меѓународната арена“

„Србија не стапна на туѓа територија, ниту го загрози територијалниот интегритет на која било земја за да интервенира против неа. Тоа не ги спречи 19-те најбогати земји на НАТО да нападнат суверена земја без одлука на ОН“ во 1999 година“, потсети Вучиќ. Тој додаде дека Србија „трпеливо и со многу добро ќе продолжи да бара компромис“ со Косово во преговорите под покровителство на Европската унија. „Компромисот е единствениот начин да се постигне траен мир. Ние веќе ги исцрпивме сите други опции и не размислуваме да се вратиме на патеките на војната и крвопролевање“, рече Вучиќ.