Времето денеска: променливо облачно со сончеви периоди

Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од 12 до 21 степен. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 18 степени.