Зеленски најавува „серија победи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски наведе „низа победи“ на бојното поле против инвазијата на руските сили. но тој, исто така, предупреди за нови ризици во речиси седуммесечниот конфликт. „Можеби на некои од вас им се чини дека по серијата победи сега имаме затишје“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, додавајќи: „Но нема да има затишје. Има подготовка за следната серија... Зашто Украина мора да биде слободна“. Од Здружениот генералштаб на САД сигнализираат загриженост за тоа како Москва би можела да реагира на неуспесите во битката, повикувајќи ги американските трупи во Европа и сојузниците да бидат во „висока состојба на готовност“.

Повторно е вклучено напојувањето на големата украинска нуклеарна централа во Запорожје

Извештаите од украинскиот нуклеарен оператор за напад на руски војници врз една од украинските нуклеарни централи, во близина на Миколајев на југ, во меѓувреме, наводно, не оштетиле ниту еден реактор, но ги нагласиле тековните ризици за украинските атомски капацитети. Претходно истиот ден, украинската војска преку Телеграм соопшти дека нејзините трупи воспоставиле мост на реката Оскил во нивната контраофанзива во североисточниот регион Харков. Експертите сугерираат дека упориштето на Оскил може да ги загрози руските трупи во регионот Донбас во источна Украина, за кој Москва сугерираше дека е приоритет и каде што сепаратистите поддржани од Русија држат делови од територијата осум години.

Русија ги интензивира нападите врз цивилната инфраструктура во Украина

Денска украинскиот Генералштаб соопшти дека имало шест руски ракетни напади во изминатиот ден и половина, 22 воздушни напади и повеќе од 90 напади од ракетни фрлачи. Се наведува дека инфраструктурата во повеќе од 30 градови и населени места е оштетена и ги предупреди Украинците на заканата од воздушни и ракетни напади низ целата земја.