Украина продолжува со офанзива во североисточниот дел на земјата

Илустрација

Украина продолжува со офанзива во североисточниот дел на земјата, додека руските сили воспоставуваат одбранбена линија меѓу реката Оскил и градот Сватова, соопштија британските разузначки служби во саботата на 17 септември.

„Русија најверојатно ќе се обиде да направи силна одбрана на областа, но не се знае дали руските сили на фронтот имаат доволно резерви и сила да издржат уште еден украински напад“, се вели во соопштението.

Столтенберг: Украинскиот контранапад е ефикасен, но не е крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин пак, во петокот, 16 септември, предупреди на уште пожесток одговор доколку нејзините трупи бидат под дополнителен притисок од украинските сили.

Путин рече дека и покрај украинската контраофанзива, тој не планира никакви промени во „воените операции“.

„Не брзаме. Нема промени“, изјави Путин.

Русија беше принудена да ги повлече своите сили од неколку поголеми делови на североисточна Украина минатата недела по брзата и успепшна украинска контраофанзива.