Киргистан и Таџикистан се договорија за прекин на огнот

Лидерите на Киргистан и Таџикистан се согласија на прекин на огнот и им наредија на нивните војници да се повлечат од спорните погранични области, бидејќи извештаите за судирите во кои е вклучена тешка артилерија, во кои има неколку загинати, продолжија да предизвикуваат загриженост за безбедноста во Централна Азија.

Портпаролот на киргистанскиот претседател Ербол Султанбаев рече дека претседателот Садир Јапаров и неговиот таџикистански колега Емомали Рахмон разговарале за ситуацијата додека присуствувале на самитот на Шангајската организација за соработка во соседен Узбекистан на 16 септември.

Обновени судирите на киргистанско-таџикистанската граница

Тие се согласија на прекин на огнот и рекоа дека заедничката комисија за разграничување и демаркација на границата треба да продолжи со својата работа. Судирите околу слабо демаркираната граница се чести, честопати се разгоруваат и брзо се деескалираат.

Договорот меѓу лидерите на терен не го смир насилството во целост. За два дена колку што траеа обновените судири загинаа најмалку 3 војници и десетици се ранети.

Граничните прашања во Централна Азија во голема мера потекнуваат од советската ера кога Москва се обиде да го подели регионот помеѓу етнички групи чии населби често се наоѓаа меѓу оние од други етникуми. И двете земји сè уште се домаќини на руски воени бази, а Москва повторно на 16 септември повика на прекин на борбите.