Германија бара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификации за Европското првенство 2024

Германското Министерство за внатрешни работи го побара европското фудбалско раководно тело УЕФА да ја исклучи Белорусија од фудбалското натпреварување ЕП 2024 поради поддршката на Минск за неиспровоцираната руска инвазија на Украина, објави денеска германскиот неделник Шпигел.

„Не само Русија, која води агресивна војна со кршење на меѓународното право, туку и Белорусија, како главен поддржувач на руското раководство, треба да биде исклучена од сите меѓународни фудбалски натпревари и турнири“, вели министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во писмото упатено до шефот на УЕФА, Александар Чеферин.

Отказ за украинскиот шампион во уметничко лизгање по учество на настан во Русија

За разлика од другите федерации, УЕФА само ја исклучи Русија од натпреварувањата по инвазијата на Украина.

„Фудбалот мора „да ја исполни својата одговорна улога и да покаже обединет став против оваа форма на злоупотреба на човековите права“, напиша Фезер.

Цената што рускиот спорт ја плаќа поради војната во Украина

Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година. Ждрепката за квалификациската групна фаза ќе се одржи во Франкфурт на 9 октомври.