Фон Дер Лејен во Киев за да разговара за поблиска соработка со Украина

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Киев, 15.09.2022.

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во Киев за да разговара за поблиска соработка меѓу Украина и ЕУ. „Во Киев, за мојата трета посета од почетокот на војната во Русија. Толку многу се промени. Украина сега е кандидат за ЕУ“, напиша фон дер Лајен на Твитер пред состаноците со високи украински претставници, вклучително и со претседателот Володимир Зеленски, кој неодамна се врати од посетата на областите што украинската војска ги презеде од руските сили во источна Украина. „Ќе разговарам со Зеленски како да продолжиме да ги зближуваме нашите економии и луѓе додека Украина напредува кон пристапување“, додаде таа.

Што да се очекува по украинската контраофанзива?

Украина стана кандидат за членство во ЕУ во јуни, потег за кој Москва тврдеше дека е дел од напорите на Западот да ја изолира Русија на меѓународно ниво, откако таа ја започна својата неиспровоцирана инвазија врз Украина кон крајот на февруари.

Урсула фон дер Лајен: Солидарноста на ЕУ со Украина е „непоколеблива“

Фон дер Лајен ја најави посетата на Киев вчера во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур во присуство на првата дама на Украина Олена Зеленска. Огромното мнозинство од земјите на ЕУ цврсто ја поддржуваат Украина. Многу членки на блокот го снабдуваа Киев со напредно оружје што и помогна на украинската војска да ја врати контролата врз деловите од територијата што Русија ги окупира во првите недели од војната.