Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска ќе присуствуваат на државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември во Лондон, информираат од неговиот кабинет.

Животот на кралицата Елизабета низ фотографии

Американскиот претседател Џо Бајден, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн веќе потврдија дека ќе присуствуваат на погребот на кралицата, јавуваат светките медиуми.

На погребот присутни ќе бидат и претседателите на Италија, Серџио Матарела и на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви, се очекува да присуствуваат на државниот погреб на кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора која што почина во својата 96 година од животот.