Сончево време, попладне пороен дожд и ветер

илустрација

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура е во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.

УХМР соопшти дека денеска во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.