Канада ќе прими околу илјада авганистански бегалци

Архивска фотографија - Канада - Авганистански бегалци чекаат да се качат во автобуси по пристигнувањето во Канада во Торонто, 13 август 2021 година.

Владата на Канада се согласи да прими околу 1.000 Авганистанци кои речиси една година живеат во бегалскиот центар во Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за Авганистанци кои ја напуштија својата татковина по преземањето на власта од страна на Талибанците, во август минатата година, објави Ројтерс.

Најмалку 10 лица загинаа во напад со нож во Канада

Цитирајќи повеќе извори, новинската агенција објави дека канадските власти се согласиле да ги примат бегалците, кои чекале да бидат преселени во Соединетите држави ги веќе ги идентификуваат оние кои ги исполнуваат критериумите за доселување во земјата.

Одделот за имиграција на канадската амбасада во Абу Даби соопшти дека приоритет е да ги поддржи ранливите Авганистанци кои доаѓаат во Канада.