Најмалку 6 луѓе загинаа при силни земјотреси во Авганистан

Илустрација, архивска фотографија,. Жртви од земјотресот во јуни 2022 година во Авганистан

Најмалку 6 луѓе загинаа и десетина се повредни при два силни земјотреса кои го погодија североисточниот дел на Авганистан. Според податоците на талибанската влада во Кабул епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Кунар.

Според податоците на американската геолошка институција интезитетот на еден од земјотресите бил 4, 3 степени според Рихтеровата скала.

Над 900 загинати во земјотресот во Авганистан

Европската сеизмичка мониторинг агенција пак, посочува дека јачината на вториот земјотрес во северниот град Бадакшан бил со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала.

ОН: Речиси 2.000 куќи уништени во земјотресот во Авганистан

При последниот земјотрес во јуни во источниот дел на Авганистан загинаа над илјада луѓе.