На територијата на Република Северна Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат. Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.
Интерпол – Доставувачи на пица разнесувале дрога за време на изолацијата
„При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик“, се појаснува во соопштението. Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.