ИД ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад пред руската амбасада во Кабул

Ранети откако бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина на влезот на руската амбасада, се лекуваат во болница во Кабул, Авганистан, 5 септември 2022 година

Исламската држава (ИД) ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во близина на руската амбасада во Кабул, во кој загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и двајца вработени во амбасадата. Милитант на ИД „го активира својот самоубиствен елек на собир на кој присуствуваа руски вработени“ во близина на амбасадата во авганистанската престолнина, се вели во изјавата на групата на Телеграм. Четворица Авганистанци кои чекаа конзуларни служби исто така беа убиени, а повеќе од 10 се ранети, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, за радио Азади.

Напад на бомбаш самоубиец пред руската амбасада во Кабул

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот се случил „во непосредна близина на влезот во конзуларното одделение на руската амбасада во Кабул“. Во соопштението не се дадени детали за жртвите, но во претходниот извештај на руската државна агенција РИА Новости се вели дека еден дипломат и еден службеник за безбедност се повредени. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, инцидентот го нарече „терористички чин“ и „апсолутно неприфатлив.“

Талибанците ја прославуваат годишнината од повлекувањето на странските сили

Русија е една од ретките земји што ја одржува својата амбасада во Кабул отворена по преземањето на земјата од талибанците во август 2021 година.