ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за референдум за поништување на Договорот со Бугарија

Hristijan Mickovski, the prezident of VMRO DPMNE

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне постапка за граѓанска иницијатива за собирање потписи за собирање на потписи за распишување на задолжителен референдум.

Референдумското прашање ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој Заев го склучи со Борисов, како „извор и почеток на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции, изјави вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

„Референдумското прашање како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година“, рече Мицкоски по завршувањето на седницата на ИК на партијата, којшто го усвоил референдумското прашање.

Уставни измени или предвремени избори?

Наредната недела, нагласи Мицкоски, ќе соберат најмалку 100 квалификувани потписи по што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието.

„На оваа иницијатива првопотпишан ќе бидам јас, Извршниот комитет на партијата, пратениците, по што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, повторувам задолжителен референдум“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека партијата ќе повика да се гласа за престанување на важноста за овој, како што вели штетен договор.

Раскинувањето на овој договор, според Мицкоски, ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но, не поддржува асимилација, промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.

Тој вели дека доколку претседателот на Собранието Талат Џафери ја оцени иницијативата како неуредна, партијата ќе преземе други чекори.