Во пожарите во Казахстан загинало 1 лице, 10 се повредени

Пожар во регионот Костанај, Казахстан

Најмалку едно лице загинало, а 10 се повредени во шумски пожар во регионот Костанај, северен Казахстан. Министерот за вонредни ситуации Јуриј Илин изјави дека спасувачките екипи го извлекле телото на 86-годишен маж кој одбил да биде евакуиран.

Тој додаде дека петмина локални жители и пет работници кои помагаат во спасувањето биле повредени, а четворица од нив се хоспитализирани.

Во пожарот изгореа повеќе од 43.000 хектари шума. Министерството за вонредни ситуации доцна синоќа објави дека околу 9.400 хектари сè уште горат.

Околу 1.800 луѓе се евакуирани. Пожарот, кој започна на 2 септември, оштети повеќе од 100 домови. Неколку стотини пожарникари, десетици противпожарни возила и хеликоптери беа користени за контрола на пожарот. Операцијата е отежната од високите температури и силните ветрови.