Регистрирани 240 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа

Тестирање за Ковид-19

Во последните 24 часа од направени 1.084 тестови, регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни, 58 се реинфекции.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови.

Со кожен волан и шест звучници полесно се лекува ковид-19

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се три починати лица, од Прилеп (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16.08. до 24.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714.