Се запали шведски траект со 300 патници, властите велат дека нема повредени

Илустрација

Траект со 300 патници, кој патувал од Шведска до Летонија, денеска се запалил, но властите велат дека пожарот не бил толку опасен и оти нема повредени.

Бродот се наоѓал северно од шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море кога избувнал пожарот, објави шведската телевизија СВТ.

Портпаролот на транспортната компанија Стена Лејн за СВТ изјави дека била информирана дека пожарот бил со „ограничен обем, а гаснењето е во тек“.

„Немаме информации за повредени“, рече тој.

Според Шведската поморска управа, пожарот е под контрола и оти имало чад, но немало „отворен оган“.

Весникот Афтонбладет објави дека пожарот почнал кога се запалила гума на палубата за автомобили.