Шведска најави нов пакет воена помош за Украина

Шведската премиерка Магдалена Андерсон

Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска изјави дека Шведска ќе обезбеди дополнителни над 46 милиони долари воена помош за Украина за да и помогне да се одбрани од руската инвазија. Ова Андерсон го изјави по разговорите со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Нејзината влада, како што додаде, ќе обезбеди вкупен дополнителен пакет помош од над 100 милиони долари за Украина.

Западните земји ветуваат поголема воена поддршка за Украина

Кулеба ја повика Шведска да и обезбеди на земјата оружје како хаубици и гранати. „Се додека војната продолжува, ние ќе бараме повеќе оружје“, им рече Кулеба на новинарите.