Талибанците го обвинуваат Пакистан за прелети на американските дронови

Талибанците тврдат дека Пакистан им дозволил на американските беспилотни летала да го користат нејзиниот воздушен простор за пристап до Авганистан. Ова не е прв пат да биде искажано вакво обвинување. Неодамна Пакистан ги отвфрли таквите тврдења по американскиот воздушен напад во Кабул.

Талибанскиот министер за одбрана Мула Мохамад Јакуб на прес-конференцијата во Кабул изјави дека американските беспилотни летала влегуваат во Авганистан преку Пакистан.

„Според нашите информации, беспилотните летала влегуваат преку Пакистан во Авганистан, тие го користат пакистанскиот воздушен простор, го молиме Пакистан, немојте да го користите вашиот воздушен простор против нас“, рече тој.

Пакистанското Министерство за надворешни работи не одговори на новинарските прашања по прес конференцијата.

Пакистанските власти негираа вмешаност или напредно знаење за нападот со беспилотно летало за кој САД соопштија дека го извршиле во Кабул во јули, во кој беше убиен лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри.