Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во благ пораст и ќе се движи во интервал од 28 до 34°C. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Од утре до среда под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо и неставилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи.