Руски нуклеарни реактори ќе никнат во Унгарија

Руската компанија Росатом

Руската компанија „Росатом“ почнува со изградба на двa нови нуклеарни реактори во Унгарија. Ова го соопшти шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од стартот на градењето. Реакторите се очекува во функција да бидат до 2030 година.

„Ова е голем чекор. На овој начин Унгарија долгорочно ќе обезбеди енергетска сигурност и ќе ги заштити Унгарците од неконтролираниот раст на цената на енергијата“, вели Сијарто.

Протоците на гас за ЕУ преку Северен тек и Украина остануваат стабилни

Во 2014 година Русија и Унгарија постигнаа договор за проширување на постојната нуклеарна постојка „Пакс“. Таа во моментот обезбедува 40 отсто од електричната енергија во Унгарија, а со дополнителните два реактори капацитетот ќе биде повеќе од двојно зголемен.

Проектот за изградба на два реактори со моќност од 1 200 мегават часови е вреден 12,5 милијарди евра и во петокот беше објавено дека се завршени сите процедури околу издавање на дозволи од регулаторните тела

Војната во Украина не го одврати интересот на Унгарија за проектот да се додадат на четирите реактори кои веќе работат на локацијата Пакс надвор од Будимпешта.

Фактот дека таа оди напред е уште еден показател за блиските врски меѓу националистичкиот премиер на Унгарија Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин.

Русија го финансира најголемиот дел од проектот со заем од 10 милијарди евра (10 милијарди долари) за Унгарија, која ги плаќа останатите 2,5 милијарди евра.

Претходно земјата членка на ЕУ - Финска, откажа сличен проект на руска нуклеарна централа во мај поради руската инвазија на Украина.
Унгарија ги отфрли напорите на ЕУ да ја изолира и санкционира Русија.
Додека нејзините партнери од ЕУ се обидуваат брзо да се одвикнат од руската нафта и гас, Унгарија доби исклучоци и преговараше за дополнителни испораки на природен гас.