Денеска треба да биде прогласена кризна состојба во енергетиката

кризна состојба за електричната и топлинската енергија

Владата денеска се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија. Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја.

За институциите задолжително, за граѓаните и фирмите препораки за штедење струја

Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претпријатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, рече Бектеши. Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во претстојниот зимски период. Владата најави мерки за штедење струја од 1 септември.