Нови 429 случаи на коронавирус и вкупно петмина починати

Илустрација: Ковид-тестови

Во последните 24 часа регистрирани се 429 нови случаи на ковид- 19 од направени 1.284 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (429), регистрирани се 95 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице од Скопје (70г). Од Регистарот на починати од ковид од Мој Термин регистрирани се четири починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г).

Од новозаразените, најмногу има во Скопје – 171, Охрид 28, Битола 27, Куманово 19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија по 17, Штип, Делчево и Берово по 13, Тетово и Кочани по 12, Радовиш 7, Неготино 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово по 3, Ресен и Виница по 2, и Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево по еден нов случај.

Регистрирани се 572 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877.