Во Скопје нема да се гаси јавното осветлување на улиците

скопската градоначалничка Данела Арсовска

Град Скопје нема под ниту едни услови да го изгаси јавното осветлување на улиците и булеварите под надлежност на градот, изјави денеска на прес-конференција скопската градоначалничка Данела Арсовска. Ова, како што посочи Арсовска, е во насока на безбедноста и сигурноста на граѓаните. „Ќе се приспособат системите за осветлување на одредени временски интервали, согласно соодветната потреба во текот на деноноќието, а се пристапува и кон етапна замена и користење на лед светилки, кои трошат за 85 проценти помалку електрична енергија од обичните светилки“, изјави Арсовска. Мерките и препораките, посочи Арсовска, ќе бидат доставени до јавните претпријатија и институции до крајот на денот, по што ќе бидат и објавени.

За институциите задолжително, за граѓаните и фирмите препораки за штедење струја

Секоја општина, нагласи Арсовска, си креира сопствени мерки за штедење, затоа што имаат автономија во своето одлучување, додека Градот Скопје, како што посочи, донел само краткорочни и долгорочни мерки кои што треба да придонесат за штедење на електрична енергија и преминување кон транзициони и обновливи извори на енергија.