ЦУК: Поголем дел од селото Лажани е под вода

Илустрација

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани биле зафатени од поројни дождови кои предизвикале поплавување на повеќе населени места од општината Долнени.

Поплавување има во селата Лажани, Дебреште и Житоше.

„Најкритично е во село Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите“, соопшти ЦУК.

Невремињата стануваат почести, тешко е да се прогнозира нивниот интензитет

Најмногу дожд до 20 часот наврнало во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18 л/м2 и во Крушево 16 л/м2.

Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови.